Македонија
20. July 2017 - 8:27

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови со локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната до 33 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со секојдневен пораст на дневната температура, која до вторник во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ индексот ќе има многу високи вредности.