Македонија
24. April 2018 - 8:32

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста на места ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а највисоката дневна температура ќе биде од 24 до 30 степени. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината. УВ-индексот ќе изнесува 6. 

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат од 9 до 28 степени.

Ќе продолжи периодот на релативно топло време, а во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со краткотраен локален дожд и ретки грмежи.