Македонија
22. јуни 2017 - 8:49

Сончево и топло до 36 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб со умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и источните делови. Попладне можна е локална појава на краткотраен дожд и грмежи повеќе во западните планински предели.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 29 до 36 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб со умерен северозападен ветер. Температурите ќе се движат од 15 до 33 степени.

Во сабота има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови од земјата.