Сончево и топло до 29 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер во крајните западни делови повремено ќе засилува и наместа се очекува да достигнува над 60 км/час.
Утринската температура ќе се движи од четири до 13 степени, а дневната од 24 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде ончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната до 28 степени.
Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди но и со услови за локален краткотрен пороен дожд, наместа проследен со ретки грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува, локално особено во источните делови ќе има услови за пороен дожд, наместа проследен и со ретки грмежи. Во западните делови ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, наместа ќе достигнува и над 60 км/ча. Во недела ветерот ќе го промени правецот во северен кога се очекува температурата на воздухот да опадне за 4 до 5 неколку степени. Во понеделник ветерот повторно ќе го промени правецот во јужен, од каде се очекува да има прилив на топол воздух, а со тоа температурата на воздухот повторно ќе биде во покачување.
Ново на Сител
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите