Македонија
4. April 2018 - 8:11

Сончево и топло до 25 степени

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје слично време, сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во четврток се уште ќе биде топло, а попладне ќе има зголемување на облачноста со локален дожд и ретки грмежи. Во петок ќе има врнежи од дожд со услови за појава на локална нестабилност. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.