Македонија
1. November 2017 - 8:18

Сончево и студено со северен ветер

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно студено со слаб северен ветер. Утринските температури на повеќето места се спуштат под нулата.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од 10 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност претежно висока. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минус два до 14 степени.

Следува период на претежно сончево и студено време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. В петок и за време на викендот ќе има извесно зголемување на облачноста и постепен пораст на дневната температура.