Македонија
25. September 2022 - 8:44

Сончево и студено наутро, од понеделник попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со ниски утрински температури кои ќе се спуштат до четвртиот степен, а максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Од понеделник, синоптичарите најавуваат врнежи од дожд во попладневните часови најпрвин во западните делови кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови од државата. Во вторник ќе биде нестабилно и врнежите наместа ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во овие денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер.