Македонија
21. јуни 2016 - 8:14

Сончево и многу топло време

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб ветер од југоисточен правец.  

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Температурата во интервал од 18 до 38 степени.

Во наредните денови времето ќе биде претежно сончево и повторно многу топло. Температурите од среда ќе бидат пониски за 2 до 3 степени. Од крајот на работната недела ќе се врати попладневната нестабилност, особено во недела попладне.