Македонија
13. May 2017 - 8:21

Сончево и многу топло - Од понеделник промена на времето

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено во западните делови и на повисоките места и планините.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15 степени, а дневната од 22 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер. Утринската температура ќе достигне до 14, а дневната до 32 степени. 

Во недела попладне услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најврнежливо се очекува да биде во вторник кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.