Loading Video...
Кошарка
5. March 2019 - 9:57

„Сонцата“ го изненадија најдобриот тим во НБА лигата Милвоки

Најголемото изненадување во синоќешните седум натпревари одиграни во НБА лигата го приреди тимот на Феникс. 

 „Сонцата“ кои се вториот најслаб тим во лигата забележаа победа над најдобрата екипа Милвоки со 114-105. До само 14-тата победа сезонава Феникс го предводеше  Кели Убре Џуниор, кој го заврши дуелот го заврши со дабл-дабл ефект со 27 поени и 13 скокови. 
 
Во дербито на вечерта, Сан Антонио во неизвесен меч славеше минимална победа над второ рангираниот на западот Денвер со 105-104.  Дерозен со 24 поени 7 асистенции и 6 скокови беше предводник на „Спарси“ до овој триумф, а кај Денвер повторно најзабележителен беше Јокиќ кој покрај 22 поени и 10 скокови имаше и 6 асистенции. 
 
Локалното дерби на Лос Анџелес го добија Клиперси кои со 113-105 ги победија Лејкерси. 
 
На останатите средби беа постигнати следниве резултати: Бруклин – Далас 127-88, Мајами – Атланта 114-113, Јута – Њу Орлеанс 112-115, Сакраменто – Њујорк 115-108,