Балкан
15. April 2019 - 11:53

Сомнеж за бомба во центарот на Белград

Еден припадник на обезбедување во трговски центар, кој се наоѓа во центарот на Белград, утрово јавил во полиција дека се сомнева оти на паркингот се наоѓа бомба.

Веднаш на местото била испратена специјална единица за деактивирање експлозивни направи, но српското Министерство за внатрешни работи засега не соопштува повеќе детали.

Според локалните медиуми, припадникот на обезбедувањето пријавил дека слушнал чудни отчукувања под паркиран автомобил.