Солзи на очите на Срна - Погребан таткото на хрватскиот капитен! | Сител Телевизија
Фудбал
14. јуни 2016 - 18:27

Солзи на очите на Срна - Погребан таткото на хрватскиот капитен!

Во Меткович во понеделникот во присуство на повеќе од стотина граѓани, пријатели и познаници, од сите делови на хрватска, погребан е Узеир Срна, татко на капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Дарио Срна и уште два сина, Ренато и Игор. Долината на Неретва се збогува од човек и спортист Узеир Срна, кој во далечната 1964 година од редовите на Челик премина во Неретва каде одигра 4 сезони, потоа замина во Франција па повторно се врати во Неретва во 1971 година.

Покрај спортот тој работел и тешки работи, а неговиот живот уште од детството бил многу тежок. Меткович го прифатил, а тој на својот град и луѓе се одолжил и повеќе од што треба. Со одбрани зборови на гробиштата од Узеир Срна се опростија и голем број на поранешни фудбалери и тренери.

За тоа колку неговиот син Дарио е омилен во репрезентациајта, посведочиле и бројните спортски пријатели и дел од тренерите кои присуствувале на погребот меѓу кои и таткото на Лука Модриќ кој изјавил:

- Минатата ноќ бев во Париз на натпреварот, солзи ми потекоа коа видов како Дарио и Лука се радуваат на голот и победата над Турција. Кога ја дознав тажната вест, се одлучив да дојдам тука во Меткович. Дарио е нашиот капитен чиј татко е Узеир Срна, им благодарам на двајцата - рекол таткото на Модриќ.