Бизнис
16. јуни 2016 - 19:41

Солунското пристаниште и натаму не работи – домашните компании бараат алтернатива

Солунското пристаниште и натаму блокирано. И покрај тоа што од грчка страна  најавите дека  ситуацијата ќе се реши, вработените во пристаништето штрајкуваат. 

Нема ниту одговор од канцеларијата на Орав до кој домашните бизнисмени и македонски железници испратија пред неколку дена испратија  допис и побараа Европа да се вклучи во решавањето на проблемот.

Од грчката стопанска комора пак одговориле  дека и тие се загрижени поради ситуација.  Македонските стопанственици и МЖ транспорт сеуште не знаат што ќе се превземе ако  состојбата продолжи.

Со блокадата на пристаништето му се нанесе сериозен удар на македонско стопанство, а железници  од тримесечмниот застој во работата, прво поради ситуацијата со мигрантите, а сега и со штрајковите во Грција  досега има пресметано штета од над три милион евра.

Домашните бизнимени пак се принудени да бараат алтеранативи за солунското  пристаниште коисе многу поскапи.

Вработените во пристаништето Солун  и грчките железничари почнаа со штрајкови и блокади на работата, откако беше најавено дека владата сака да ги приватизира.