-->
-->
Солунскиот градоначалник Бутарис во Охрид на Школата за млади лидери
-->
Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис денеска во Охрид ќе одржи говор пред учесниците на Школата за млади лидери , проект на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
Грчките медиуми, повикувајќи се на државната новинска агенција, јавуваат дека Бутарис ќе говори за своите искуства во неговиот политички и професионален развој.
Солунскиот градоначалник ќе присуствува и на вечера што ќе ја организира претседателот Иванов, а потоа тие двајца ќе имаат и приватна средба.
„Бутарис и Иванов одржуваат одлични односи, а општината Солун брзо одговори и на апелот на македонскиот претседател за хуманитарна помош за луѓето погодени во неодамнешните поплави во Скопје и Тетово“, потенцираат грчките медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата