Балкан
10. March 2018 - 19:40

Солун во пламен: Обединетите анархисти од Балканот се судрија со полицијата

Анархистите кои стигнаа од целиот Балкан се судрија денеска во Солун со грчката специјална полиција, откако околу 2.000 демонстранти маршираа против национализмот во регионот, пренесува АП.

Се наведува дека полицијата користела солзавец и фрлала шок бомби врз анархистите, кои се забарикадирале внатре во кампусот на Универзитетот во Солун.

Sukob anarhista i policije u Solunu

Агенцијата потсетува дека на полицијата со закон и е забрането да влезе во универзитетскиот кампус за да ги уапси.

Sukob anarhista i policije u Solunu

АП наведува дека собирањето на балканските анархисти е организирано откако активистите на ултрадесницата во јануари ги запалија просториите на анархистичкиот колектив во Солун.

Агенцијата оценува дека националистичките тензии и натаму се шират на Балканот и потсетува дека во Грција и соседната Македонија неодамна се одржаа протести околу деценискиот спор со името Македонија.