Фудбал
14. July 2019 - 8:49

Солскјер се уште не одлучил кој ќе биде капитен

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер се уште не донел одлука кој да биде капитен на тимот.

Според норвешкиот фудбалски стручњак, во претсезонската турнеја, капитен ќе биде Ешли Јанг.

– Имаме неколку опции за тоа кој ќе биде капитен. Кога ќе почне сезоната, ќе го објавиме неговото име. Ајде да видиме како се одвива претсезонскиот дел. Јанг ќе ја носи лентатат додека не донесеме конечна одлука, изјави Солскјер.

Минатата сезона, Антонио Валенсија ја носеше капитенската лента, но тој летово се врати во шампионатот на Еквадор.