Спорт плус
27. May 2017 - 19:00

Солнок е европски првак во ватерполо

Унгарската екипа Солнок е новиот европски првак во ватерполо откако попладнево во финалето од Лигата на шампионите го совлада ланскиот шампион Југ од Хрватска со 10:5 (1:2; 5:2; 2:1 и 2:0). Ова за Солнок е прва титула европски шампион, а ја искористи предноста што завршниот турнир се играше во „Дуна Арена“ во Будимпешта.
 
Најдобар поединец на финалниот натпревар беше голманот на Солнок Виктор Наѓ, кој имаше 13 одбрани, а по три голови кај победникот постигнаа: Андрија Прлаиновиќ и Милан Алексиќ.
 
Во дуелот за третото место италијанската екипа Про Реко го совлада унгарски Егер со 15:6, додека петото место им припадна на ватерполистите на италијанскиот тим Бреша, кои со 8:5 го совладаа грчки Олимпијакос.