Фудбал
19. December 2018 - 16:16

Солксјер е новиот тренер на Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер ќе биде тренер на Манчестер јунајтед до крајот на сезоната, потврдија од „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ вчера останаа без тренер кога клупските челници му го врачија отказот на Жозе Мурињо. Португалецот две и пол години се задржа на тренерската позиција.

Солскејр прифатил да го предводи тимот до крајот на сезоната, а во таа работа ќе му помагаат Мајк Фелан, Мајкл Карик и Киран Мекена.

45-годишниот Солскјер е поранешен играч на Манчестер јунајтед. Познат со прекарот убиец со детско лице, Норвежанецот во периодот од 1996 до 2007 година беше џокерот на сер Алкекс Фергусон.

Има одиграно 366 натпревари за „црвените ѓаволи“, постигнал 126 гола, повеќето од нив влегувајќи од клупата за резерви.

Засекогаш неговото име е запишано во историјата на Манчестер јунајтед поради голот со кој на тимот му ја донесе победата во спектакуларното финале, во Лигата на шампионите, против Баерн Минхен во 1999 година.