Македонија
13. July 2019 - 19:28

Солидарен фонд за лекување деца во Прилеп

Штипските советници дадоа „зелено светло“ за формирање на Солидарен фонд  за лекување на деца и млади до 18 години. Досега постоеше Фондација за локален економски развој и информатичка технологија, која не ги даде очекуваните резултати, поради што со одлука на Советот  се трансформира во солидарен фонд.

Да овозможи издвојување на финансиски средства и финансиска помош за лица кои се заболени од ретки и специфични заболувања, за лекување во земајта и во странство, при што приоритет во користење на средствата ќе имаат лицата кои се во категоријата деца и младинци до 18 години- изјави ЈАНЕ МИЛАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ШТИПСо одлуката ќе се сменат и членовите на Управниот одбор, кои ќе треба да изработат нов статут.

Со што значи, ќе се променат и целите на оваа фондација, во насока на финансиска поддршка на лицата кои имаат тешки и ретки болести.-додаде МилановИдејата за солидарен фонд произлезе од големиот број барања на граѓаните за собирање помош за лекување, кои сега ќе можат да се обратат до општината. Средствата во фондот во главно ќе се собираат преку донации, а ќе се делат според точно утврдени критериуми.