-->
-->
Соларни колектори за три објекти на детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани
-->
Во детската градинка „Павлина Велјанова“ преку проектот „Сонце, вода, ветер“ во три објекти од градинката се инсталирани соларни колектори.
Проектот е во вредност од 153.500 денари, грант од Мировниот Корпус Македонија во соработка со волонтерката Катлин Ридер, а во техничка изведба на фирмата „Еко солар“ од Штип.
Сончеви колектори се инсталирани во објектите „Ѕвездички“, „Сончогледи“ и „Цветови“.
На презентацијата присуствуваа менаџерот за безбедност во Мировниот Корпус Гоце Спасов, претседателот на Советот на општина Кочани Јордан Димитров и грант-координаторот на проектот Наташа Наумовска.
На крајот од презентацијата децата од градинката имаа кратка приредба поврзана со проектот и неговото значење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност