Македонија
31. October 2016 - 13:43

Соларни колектори за три објекти на детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани

Во детската градинка „Павлина Велјанова“ преку проектот „Сонце, вода, ветер“ во три објекти од градинката се инсталирани соларни колектори.

Проектот е во вредност од 153.500 денари, грант од Мировниот Корпус Македонија во соработка со волонтерката Катлин Ридер, а во техничка изведба на фирмата „Еко солар“ од Штип.

Сончеви колектори се инсталирани во објектите „Ѕвездички“, „Сончогледи“ и „Цветови“.

На презентацијата присуствуваа менаџерот за безбедност во Мировниот Корпус Гоце Спасов, претседателот на Советот на општина Кочани Јордан Димитров и грант-координаторот на проектот Наташа Наумовска.

На крајот од презентацијата децата од градинката имаа кратка приредба поврзана со проектот и неговото значење.