,, Соколите'' се простија од ФИБА Еврокупот
Карпош Соколи и официјално ги заврши настапите во ФИБА Европа Купот. Актуелниот вицешампион на Република Македонија го одигра последниот натпревар во рамки на групната фаза од ова европско клупско натпреварување, против Фалко Вулкано, на домашен терен и го запиша шестиот пораз во низа.
„Соколите“ храбро истапија на теренот со младинскиот погон на екипата, но противникот беше преискусен. Во финишот унгарскиот состав славеше со превисоки 43-104 односно 8-24, 13-32, 11-27 и 11-21 по делници.
За Карпош Соколи ова е максималниот шести пораз од шест одиграни натпревари. Од групата Х во втората рунда од натпреварувањето напредуваа Нижњи Новгород и Солноки Олај.
РЕЗУЛТАТИ КАРПОШ СОКОЛИ ФИБА ЕВРОПА КУП
Солноки Олај – Карпош Соколи 94-73
Карпош Соколи – Нижњи Новгород 67-101
Фалко Вулкано - Карпош Соколи 108-87
Карпош Соколи – Солноки Олај 73-91
Нижњи Новгород - Карпош Соколи 95-70
Карпош Соколи – Фалко Вулкано 43-104
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците