Кошарка
1. November 2017 - 8:46

„Соколите“ повторно загубија во ФИБА Еврокупот

 

Кошаркарите на Карпош Соколи го претрпеа и третиот пораз во  ФИБА Еврокупот, откако загубија на гостувањето кај унгарски претставник Фалкон со 87-108.

Џејлен Браун со 23 поени беше најпрецизен кај Карпош Соколи, Тадеус Мекфејден постигна 18, а Драган Лабовиќ 17 поени.

Следниот противник на „соколите“ ќе биде вториот унгарски тим Солнок и тоа следната среда во салата „Борис Трајковски“.