-->
-->
„Соколите“ ги дознаа противниците за ФИБА Еврокупот
-->
Екипата на Карпош Соколи ги доби противниците во групната фаза на ФИБА Европа купот.
Откако „Соколите“ беа елиминирани уште во првото квалификациско коло во ФИБА Лигата на шампиони, тие добија шанса да се натпреваруваат во Еврокупот.
Карпош Соколи ќе играат во групата Х, каде за противници ќе ги има двете унгарски екипи Солнок и Фалкон, како и руски Нижни Новогород кој доаѓа од Лигата на шампионите.
Сезоната за Карпош Соколи во Европа купот ќе започне на 18 октомври кога тимот гостува кај Солнок, додека првиот домашен меч ќе се игра на 25 октомври, против фаворитот во групата Нижни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи