Македонија
26. January 2021 - 16:59

Сојузот на средношколци ја обвини Царовска за ширење на лажни вести, таа тврди дека средношколците меѓусебе си вршат мобинг

Врз матурантите се врши притисок да не ја бојкотираат наставата и да се откажат од барањата за модификација на државната матура. Ова го тврди претседателот на Сојузот кој вели притисоците доаѓаат од директорите и наставниците. Аргументот на МОН дека нема единство помеѓу матурантите бидејќи бројот на пријавени е огромен, Ходај тврди дека не е издржан. И тој пријавил државна матура но не значи дека ќе полага.

Притисок има но помеѓу врсниците кои вршат притисок да се бојкотира настава тврди министерката. Царовска добила информации за булинг меѓу учениците. Државна матура ќе има бидејќи МОН има законска обврска да овозможи полагање, за што веќе се пријавиле околу 15 илјади матуранти.

Царовска денеска се сретна со претставници на граѓански организации за предложените реформи во основно образование. На состанокот присуствуваа од  „Мобилност“ , Маргини“, „Отворено Општество“ и „Хелсиншкиот Комитет “  чии претставници изразија поддршка за новиот концепт. До сега добиле 30тина забелешки по маил но во јавноста има и отворени писма до МОН. Ќе бидат земени предвид сите конструктивни коментари вели Царовска и најави дека дебатата ќе трае до средината на февруари.