-->
-->
Сојузник на Меркел најави построги санкции за Русија
-->
По инцидентот во Керченскиот Теснец Европа можеби ќе мора да воведе построги санкции кон Русија, изјави денеска член на Христијанско-демократската унија на Германија и член на германскиот парламентарен Одбор за надворешни работи Норберт Ретген.
- Според мене, такво однесување не може да помине без последици и не мислам дека некој би требало да каже дека нема да има понатамошни санкции, рече Ретген.
Тој истакна дека за сега нема разговори за построги санкции, но и оти тој „не би отфрлил таква можност“.
Руските сили на 25 ноември запленија три бродови на украинската морнарица во Керченскиот Теснец, меѓу Црното и Азовското Море, со образложение дека нелегално влегле во руски територијални води.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот