Свет
4. December 2016 - 13:30

Сојуз меѓу Русија и талибанците - против Русија или против САД?

Би-Би-Си - Лондон

Во Авганистан постои стравување дека создавањето врски меѓу Русија и талибанците може уште повеќе да ја обремени и така веќе сложената ситуација во земјата.

Информации дека Русија започнала приближување со талибанците редовно се објавуваат во авганистанските медиуми откако пред две години во регионот се појави Исламска држава.

Тревогата во Русија заради појавувањето на нова џихадистичка организација крај нејзините граници во Централна Азија е разбирливо за Авганистанците.

Истовремено, се повеќе ги тревожи перспективата од руско-американското сопреништво кое е изразено, на пример, во Сирија и во Украина, да го зафати и опустошениот од војни Авганистан.

Русија ја засилува својата моторизирана дивизија од 6000 војници распоредени крај северната граница на Авганистан со Таџикистан; раководена од стремежот да го спречи пренесувањето на наркотици и бунтовни пројави во Централна Азија.

Се слуша и дека Москва веќе им доставила оружје на талибанците.

Истомисленици?

Во последните 15 години, Русија ја поддржуваше владата на Авганистан без да отвора прашања по повод присуството на западни сили во земјата. Но нештата јасно се менуваат.

Како што изјави на средба со авганистанскиот претседател Ашраф Гани, специјалните пратеник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов, „Русија е загрижена од присуството на Исламска држава во регионот; руското раководство, вклучително и претседателот Владимир Путин, ги поздравува напорите на авганистанската влада во борбата со ИД“.

Во интервју за турската агенција Анадолија, неодамна Кабулов рече дека неговата земја и талибанците се истомисленици во борбата со ИД и имаат исти ставови за САД.

- Се согласувам со тврдењето дека Америка нема никаква стратегија за Авганистан. Нивното присуство во Авганистан се должи на една единствена цел. Од геополитичко гледиште, Авганистан е важно место за да се контролира Кина, Централна Азија, Иран, Русија и Пакистан. Тавата ситуација нормално дека не загрижува, изјави Кабулов цитиран од агенцијата Анадолија на 15 ноември.

„Денот веќе се наближува“

Некогаш, талибанското раководство одбиваше да поддржи какви било односи со Русија или Иран.

Но денес талибанците се фалат дека ги прошириле своите меѓународни врски.

- Ги користиме сите целесообразни и ефикасни начини за да разработиме заедничка позиицја на земјите од регионот, вознемирени од продолжената американска окупација на Авганистан. Со земјите од регионот имаме заеднички ангажман - да ја ослободиме нашата земја и нашиот регион од американските интриги и злата намера, изјави во октомври портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид, во интервју за весникот Ал Шарк ал Аусат на арапски јазик кој излегува во Лондон.

Познат приврзаник на талибанците во Кабул истакна дека врските на организацијата со Русија може да се прошират и покрај немирот кај Москва заради присуството на ИД во регионот.

- Додека Америка не ја смени својата политика, не стави крај на војната и не сопре со настојувањата да го поддржува военото присуство во Авганистан, земјите од регионот, вклучувајќи ги и Русија и Кина, би можеле да ги снабдуваат талибанците со оружје со кое ќе се заканат на надмоќта на САД од воздух. Ми се чини дека тој веќе се наближува, неодамна изјави познатиот политички коментатор од Кабул, Назар Мохамед Мутмаен, кој јавно одржува врски со талибанските водачи.

Зборовите на коментаторот прозувчеа во етерот на телевизијата Пајам е авган, која емитува од САД за авганистанската дијаспора на Запад.

Создавање на нови алијанси

Се очекува новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, да се заземе за подобрување на односите со Русија.

Некои во Авганистан на тоа гледаат како евенутален развој на позитивни моменти - се надеваат така да биде избегнат уште еден круг на тајни војни во регионот.

Но се уште се смета за многу веројатно регионот исто да биде зафатен од недиректна руско-американска војна.

- Имаме двострани и повеќе страни односи со Русија и нивните врски со една терористичка организација се неприфатливи, ги цитира авганистанската телевизија Ариана зборовите на Џаунд Фајсал, портпаролот на премиерот Абдула Абдула.

За декември закажаната во Москва меѓународна конференција за Авганистан, изгледа исто така е знак дека процесот на создавање нови сојузи продолжува.

- Каква е целта а конференцијата со учество на Русија, Кина и Пакистан? Која била целта на последните руско-пакистански воени маневри? Сето тоа значи дека се создаваат нови алијанси. Правилата на играта се менуваат, и тоа на сметка на авганистанците, изјави на 22 номеври во дебата пренесувана на телевизијата Толо политичкиот коментатор Тахир Јаргал.

„Непријателите на Авганистан“

Луѓето во Авганистан очигледно се надеваат Русија да не ја повтори својата „сопствена“ грешка од 80-ите години од минатиот век.

- Соработката со талибанците ќе значи да се повторат претходните грешки на Русија. Да видиме што ќе преземат Русите, изјави во етерот на Толо авганистанскиот политички аналитичар Ајнудин Бег.

Русите сакаат да ја надминат Америка во Авганистан, но по цена на животите на Авганистанците. Земјата ни е блиску до тоа повторно да стане арена на воени дејствија од една недиректна војна, стои со статија на веб страната Таанд од 22 номеври.

Претседателот на горниот дом во авганистанскиот парламент, Фазал Хади Муселимјар, повеќе од повеќето претставници на политичката елита во земјата јавно е вознемирен од текот на случувањата.

- Талибанците се непријатели на Авганистан и какви било односи со нив се еднакви на непријателски односи со народото на Авганистан, ги цитираше на 20 ноември Радио Азади зборовите на Муселимјар.