Џет-Сет
13. July 2015 - 9:22

Софија Вергара го прослави 43-от роденден

Изминатиов викенд Софија Вергара го прослави својот 43-ти роденден, во друштво на нејзинито семејство, пријателите и секако вереникот Џо Манганиело.

Софија на прославата се појави во долг жолт фустан, а фотографиите од роденденот потоа ги објави на Инстаграм.

Во текот на забавата Софија се пресоблече во бела блуза, во која веројатно се чуствуваше многу по пријатно.

Присутните на прославата ги забавуваше маријачи оркестар, а како и на секој роденден и на овој имаше роденденска торта, која беше на неколку ката.

 

 

По оваа прослава сите очекуваат, следната забава на Софија да биде онаа на која таа и Џо ќе го кажат судбоносното „да“. Но, засега датумот на свадбата се уште не е закажан.