Софи Тарнер го открила крајот на „Игра на тронови“
Софи Тарнер пред свои пријатели го открила крајот на „Игра на тронови“, па сега, очекувано, се соочува со проблем на социјалните мрежи кој може да значи и крај за нејзината актерска кариера, ако тоа ѝ се испушти пред уште некого.
Имено, глумицата која го толкува ликот на Санса, во едно неодамнешно интервју призна дека просто не знае да чува тајни, дека нејзини блиски пријатели веќе го знаат крајот, па сега е под голем притисок од дел од своите обожаватели, кои немаат трпение да дочекаат да го погледнат продолжението, како и од оние што не сакаат да го дознаат предвреме. Но, таа вели дека тоа не ја допира многу.
– Всушност, им кажав само на двајца луѓе. Тоа не е многу. Она што го говорам, секогаш ќе има негативен одзвук. Не сум изненадена, изјави таа.
Последната осма сезона од ТВ серијата ќе почне да се прикажува на 14 април.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација