Свет
23. May 2017 - 14:52

Софи е најмладата жртва: Тоа беше нејзин прв и последен концерт

Осумгодишната Софи Роуз Русос е најмладата жртва на масакрот во Манчестер.

Девојчето првпат дошло на концерт со мајката и сестрата кои се повредени во нападот и префрлени во болница, а на Софија тогаш и се губи секаква трага. По темелната 20-часовна потрага на полицијата и стотина волентери, девојчето е пронајдено, но за жал меѓу жртвите од нападот.

View image on Twitter

Семејството и пријателите ги бараат преку социјалните мрежи и медиумите кои ги пренесоа нивните повици за помош и фотографии од исчезнатите.

Точниот број на деца по кои се трага е непознат, а медиумите пренесоа дека 12 деца се наоѓаат на болничко лекување.

View image on Twitter

 
Нападот во Манчестер Арената која прима 21.000 луѓе се случи синоќа на крајот од концертот на поп ѕвездата Аријана Гранде. Бомбашот самоубиец ја активирал импровизираната експлозивна направа со шајки пред концертната сала. Во нападот се убиени 22, а повредени 59 лица, меѓу кои има и тинејџери и деца.