Македонија
10. April 2021 - 16:31

Социјално загрозените семејства најпогодени од кризата со пандемијата

Социјално загрозените семејства најпогодени од кризата со пандемијата. Достава на храна, лекови, превоз до клиниките и потребата од психосоцијалната поддршка се само дел од барањата oд страна на најранливите граѓани на телефонскиот број на Црвениот крст во Охрид. Околу десетина повици дневно добива тимот за помош кој беше формиран веднаш откако вирусот зема замав во земјава.

Најмногу повици добиваат од лица кои биле загрижени за сопственото здравје но и од оние кои ја изгубиле работата и редовните приходи ситуации на уплашени луѓе, како да ја пребродат целата оваа ситуација.

Од тимот за психо-социјална поддршка и помош од Охрид очекуваат бројот на повици од граѓани да биде уште поголем по олабавувањето на мерките, бидејќи на луѓето излегувајќи од една стресна ситуација ќе им биде тешко да се вратат во нормала.