Македонија
27. December 2019 - 17:00

Социјалниот дијалог низ оценките за 2019 година

Синдикатите со различна оценка за изминатата година. Во зависност од тоа што добија нивните членови, такви им се и видувањата. Конфедерацијата на слободни сидикати смета дека социјалниот дијалог е мртов во земјава, а работничките права се уназадуваат.

Синдикатот на образование смета дека има уште работа, но дијалог има и се задоволни. По предупредувачкиот штрајк, во вработените во образование дефинирано е вонредно зголемување на платите од 10% од следниот месец

Спогодбата за поголемите плати на наставниците денеска беше потпишана во Владата. Примерот вели ова е инвестиција во иднинатата и во екомномскиот раст. Целиот буџет за идната година е направен за да инветсира токму во човечкиот капитал.

Вкупното зголемување на платите за вработените во образованието за две години надминува 20% или околу 2000 денари повеќе. Незадоволните синдикалци од КСС пак и натаму бараат усогласување на сите плати со растот на минималната за што во текот на годината неколку пати организираа протести, најавуваат слични активности ако сосотјбата не се смени догодина.