Балкан
6. October 2017 - 10:24

Социјалистите ја напуштаат СИРИЗА, ќе формираат нова партија

Социјалистичкото крило“ во СИРИЗА се повлекува од партијата, јавија дел од грчките медиуми.

Одлуката за повлекување е изгласана со апсолутно мнозинство. Неа ја поддржале 82,6 отсто од членовите на „социјалистите" во СИРИЗА.

Станува збор за претставниците, кои од социјалистичката партија ПАСОК преминаа во радикалната левица.

Во соопштението на така наречениот „Социјалистички тренд", се наведува, дека нејзините членови гласале за предлогот на Политичкиот секретаријат за повлекување од партијата СИРИЗА, и ќе дејствуваат како самостојно политичко движење.

Следната недела се очекува Политичкиот секретаријат на социјалистите од СИРИЗА да ги обелодени следните чекори по создавањето на новата политичка партија.