Социјалдемократи гласаа со големо мнозинство да започнат преговори со Ангела Меркел
Германските социјалдемократи гласаа со големо мнозинство за да започнат преговори со конзервативците на Ангела Меркел за нова голема коалиција.
Раководството на Социјалдемократска партија на Германија (СПД) пред три дена донесе едногласна одлука да почне преговори со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел заради формирање нова влада.
Лидерите на СПД ги наведоа клучните политички барања во документ.
Барањата вклучуваат хармонизација на корпоративниот данок на европско ниво, поголеми даноци за луѓето со повисоки примања, зголемување на инвестициите во образованието, брз Интернет, патишта и социјални станови.
Членовите на СПД денеска на партискиот конгрес ја потврдија одлуката на раководството на партијата да почнат преговори со Меркел за нова влада.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација