Сочувство од ректорот Јанкуловски за трагичната смрт на четворица студенти од УКИМ
Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски изрази сочувство за трагичната смрт на четворица студенти од УКИМ кои загинаа во завчерашната автобуска несреќа – Павле Костоски од Правниот факултет, кој магистрирал пред три месеци, Онур Садику од Медицинскиот факултет, Бејза Узеири од Архитектонскиот факултет и Јовица Трпевски од Електротехничкиот факултет.
– Длабоко сум потресен од трагичната сообраќајна несреќа во која настрадаа наши граѓани. УКИМ изразува најдлабоко сочувство кон семејствата на загинатите. Особено болно за академската заедница на УКИМ е загубата на четирите студенти од овој Универзитет, наведува Јанкуловски.
Во дописот тој се оградува и од изјавата на професорката од Правниот факултет Билјана Ванковска бидејќи, како што вели, во врска со нејзината изјава вчера во медиумите и на социјалните мрежи бил повикуван и споменуван УКИМ. Притоа додава и дека Скопскиот универзитет секогаш ја поддржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење.
-Не навлегувајќи во правните квалификации на изјавата на професорката, за што се надлежни други институции, од етички причини чувствувам должност да се оградам од изјавата на проф. д-р Билјана Ванковска. Како човек остро осудувам секакви изјави кои алудираат на нетрпеливост и нетолеранција и создаваат чувство на омраза. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ секогаш ја подржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење, пишува Јанкуловски.
Ново на Сител
-
Силјановска убедливо води во собрани донации
-
Тема на денот со Петер Бајер, пратеник на ЦДУ во германскиот Бундестаг
-
„Алкалоид“ донираше течен „омепразол“ на детската клиника и на клиниката „Козле“ за 200 дечиња
-
Преглед на вести од светот
-
30 дена притвор за полицајците од затворот „Идризово“
-
Разузнавачот останал без пасош
-
Засилена претседателска кампања
-
Бурни реакции за Резолуцијата