Македонија
4. јуни 2017 - 14:07

Сочувство од претседателот Иванов по повод терористичкиот напад во Лондон

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати сочувство до Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабета Втора, по повод терористичкиот напад во Лондон.

- Со шок и огорченост ја примив веста за терористичкиот напад во Лондон, во кој животот го загубија голем број невини лица и има голем број на повредени. Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со насилството и злосторничките акти, без разлика од каде и од што се мотивирани, вели Иванов. 

Република Македонија, како што посочува Иванов, најостро ги осудува терористичките напади, кои шират страв и од кои никој и никаде не е безбеден, и силно ја поддржува Обединетото Кралство во решителната борба против тероризмот, како предуслов на патот кон мирот, стабилноста и напредокот.