Македонија
23. November 2021 - 9:14

Сочувство од Христијан Мицкоски за семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во Бугарија.

-Нема зборови што може да ја искажат тагата во вакви моменти. Сочувство до семејствата на загинатите. Ова е голема трагедија за Македонија, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.