Собраниската седница за Буџетот најверојатно во среда
Собраниската седница за Буџетот за 2018 година најверојатно ќе започне во среда, доколку по утрешната седница Владата го врати дополнителниот предлог до Парламентот.
Ова е договорено на редовната понеделничка координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствуваа претставници на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на одредени други закони за кои ќе треба и поддршка од опозицијата, според информациите, во Собранието ќе се чека доаѓањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на заседанијата и собраниските тела. Се чека, како што се посочува, да помине конгресот на опозициската партија на 23 декември во Валандово.
И денеска во работата на собраниските тела нема пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијаа, освен Панчо Минов кој присуствуваше на дебата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги