Македонија
10. January 2019 - 19:07

Собраниската седница одложена за утре – не попушта ниту Заев за државјанството, ниту БЕСА од своите барања

Седницата за уставни измени е одложена за утре. Не е постигнат договор помеѓу Владата и опозициската Беса за државјанството. Беса на Касами не отстапува од своето барање да се избрише зборот  македонско  оние кои не се Македонци. Премиерот Зоран Заев пак, смета дека македонско/ државјанин на република Северна Македонија мора да остане, но дека може да се најде и дополнително креативно решение за етничките заедници.

Барањата на БЕСА е скандалозно смета и професорот Љубомир Фрчковски, бидејки терминот „македонски“ е една од главните придобивки на Преспанскиот договор.

Инсистирањата на Касами го менуваат ставот и на 8-темина независни пратеници излезени од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие нема да дадат поддршка за амандманите на Уставот ако се прифатат барањата на Касами.

И Заев потврдува дека се уште нема сигурни 80 гласа потебни за да поминат амандманите на Уставот и уставниот закон. Но, се уште верува дека до чинот на гласање тоа ќе се случи.  Ако нема двотретинско мнозинство до истекот на рокот за гласање на амандманите, премиерот е подоготвен да понесе одговорност.

Додека пратениците на власта беа подготвени да седнат во собрнаиските клупи, оние на ВМРО-ДПМНЕ не ни беа присутни во парламентот.  Се приклучија на протестите против промена на името по повикот на лидерот Мицкоски.

Иако првичните најави беа дека гласањето за измените на Уставото ќе се случи во петок, сепак со преговорите веројатно е дека седницата ќе трае подолго од планираното. На дневен ред се четирите владини амандмани и уставниот закон.