Македонија
13. January 2016 - 16:44

Собраниска расправа за Анкетната комисија за фабриката за афери

Опозициските места во Анкената комсија која треба да го расчисти скандалот со фалсификуваните лични документи остануваат празни. По три дена жестока расправа пратениците ги изгласаа членовите на комисијата предложени од останатите пратенчки групи. СДСМ и натаму одбива да учествува во работата, бидејќу тврди дека оваа анкетна нема да одговори на својата задача. Ваквиот однос според ВМРО-ДПМНЕ пак е само доказ за дирекна вмешаност на високи партиски членови на СДСМ во фабиката за афери. Порачаа дека оваа комисија е неопходна за да се дознае вистината.

-Со самото тоа што за претседател на комисијата е предложен Илија Димовски се крши Деловникот на Собранието на РМ, кој предвидува дека претседател на анкетните комисии мора да биде пратеник од опозицијата, рече Марјанчо Николов, пратеник на СДСМ. 

-Јас ќе одстапам од претседателската функција на оваа комисија во истиот момент кога вие ќе се нафатите да ја водите оваа комисија. Значи повелете господине Николов, ова е лично до вас, во мое име и во име на сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ . Ако вие се нафатите да ја водите оваа комисија ви гарантирам дека и ќе ја добиете таа чест да ја раководите оваа комисија и заедно да ги провериме сите овие работи за кои што ние велиме  дека се вистина, а вие велите дека не се вистина, реплицираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

За претседател на анкетната комисија е назначен пратеникот Илија Димовски, членови од владејачката партија ќе бидат Трајче Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев и Драган Данев. Претставници на ДУИ во оваа комсија ќе бидат Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од ДПА Газменд Аљији, додека независен член на анкетна ќе биде Солза Грчева.