Македонија
13. November 2019 - 8:33

Собраниска делегација на семинар за социјални медиуми во Европарламентот

Во рамки на Програмата за поддршка на парламентите од земјите од Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, денеска и утре во Брисел ќе се одржи семинар за социјални медиуми на кој ќе учествуваат пратенички од Собранието на Република Северна Македонија.

Во состав на собраниската делегација се пратеничките Шпреса Хадри, Владанка Авировиќ, Славица Шуманска-Митева и Слаѓана Митовска.

Учесничките на семинарот ќе остварат билатерални средби со претседатели и членови на различни комисиии, претседатели на делегации на Европскиот парламент, пратеници од Србија и од Црна Гора, европратеници, претставници на Европската комисија и на Советот на Европската Унија и други, соопшти собраниската Прес-служба.

Целта на семинарот, како што се посочува во соопштението, е да се споделат искуствата на Северна Македонија, Србија и Црна Гора во доменот на социјалните медиуми.