Македонија
13. August 2017 - 16:16

Собранието утре ќе ја продолжи седницата за разрешување на Зврлевски

Расправата во Собранието за разрешување на Зврлевски ќе продолжи во понеделник. Талат Џафери се пишани и седницата која првично беше закажана за денеска ја одложи за утре.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа да не се работи во недела коментирајќи дека мнозинството воопшто не доаѓа во собраниската сала за да ги вкрсти аргументите.
Според нив, форисрањето седници среде годишните одмори и во викенди за да може СДСМ да ја дефокусира јавноста.

Од СДСМ вчера коментираа дека се редовни на седниците но дека не сакаат да влегуваат во како што велат, беспредметна расправа

Џафери вчера им порача на пратениците од опозицијата дека ќе закажува седници се додека Собранието не ја заврши работата. Тој и преку СМС пораки ги извести пратениците за седницата која требаше да се одржи денеска на пладне. Неколку часа подоцна, повторно преку СМС порака седницата ја презакажа за во понеделник. Дел од медиумите блиски до власта велат дека причина за тоа е годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.