Македонија
11. јуни 2018 - 17:59

Собранието усвои прв пат етички кодекс за однесување - санкциите ќе бидат посолени

Собранието за прв пат во својата историја доби етички кодекс за однесувањето на пратениците. Оние парламентарци кои ќе го нарушат угледот и достоинството на парламентот со дофрлања, навреди кон колеги, несоодветно однесување или облека ќе се соочат само со опомени кои ќе ги изрекува Комисијата за избори и именувања заедно со експерти по етика предложени од власта и опозцијата. Но иако претходно договорен меѓу партиите, како резултат на Жан Моне процесот, дури и кодексот помина во меѓусебни препукувања меѓу власта и опозицијата.

За Тунтев  носењето на кодексот е свечен чин, нова етапа од парламентарното однесување во Македонија. Според Данев пак, и со етички и без етички кодекс однесувањето на пратениците зависи од домашното воспитување. Опозицијата обвини дека Тунтев лицемерно го фали кодексот додека битни закони власата ги носи по скратена постпака. Според нив, со тоа самиот кодекс е пуштен, како што рекоа, низ вода.

По етичкиот кодекс кој беше усовен со 84 гласа за, до крајот на летото треба да се донесат и измените на Деловникот.