Собранието усвои повеќе закони вратени од Иванов, меѓу кои и законите за електронски комуникации и за ОТА
Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на денешната 94 седница усвои повеќе закони кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати назад до пратениците, меѓу кои законите за електронски комуникации, за ОТА и за данокот на додадена вредност.
Пратениците, без дебата како закони во трето читање, ги изгласа и законите за изменување и дополнување на законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за слободен пристап до информации од јавен карактер и за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Заменикот претседател на Собранието Горан Мисовски, информира дека согласно информацијата од Претседателот на Република Северна Македонија, со која го информира Собранието дека одлучил да не ги потпишува указите за повеќе закони, Собранието овие Закони ги разгледува како закони во фаза на трето читање.
– Согласно член 75 став 2 Собранието повторно го разгледува Законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници претседателот е обврзан да го потпише указот, истакна Мисовски.
На почетокот на денешната седница, заменикот претседател на Собранието, информира дека по координација со координаторите на пратеничките групи било усогласено да се продолжи со гласање по точките, без расправа, по Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во Собранието.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација