Собранието треба да ја одржи 75-тата седница
Собранието денеска треба да ја одржи 75-тата седница, на чиј дневен ред се три точки, меѓу кои ребалансот на Буџетот и Предлог одлуката за продолжување на крзината состојба на дел од територијата на земјата.
Прва точка пред пратениците е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година, по скратена постапка, иако амандманската распра за ребаланост на Буџетот за оваа година на матичната Комисија за финансирање и буџет се уште не завршена, и како што е најавено треба да продолжи утре.
Пратениците треба да ја разгледаат и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.
Последна точка на дневен ред е Предлог на закон за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка. Овие предлог измени, се однесуваат во делот на престанок на договорот за вработување, со предвидување на исклучок за судиите и јавните обвинители и предвидување одредби за продолжување на нивниот мандат. Временската важност на овие одредби, се предлага да трае најмногу до три години се со цел да се постигне пополнетост на местата во судовите и јавните обвинителства.
Во Собранието денеска седница треба да одржи и Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица