Бизнис
26. July 2016 - 8:38

Собранието расправа за ребалансот на буџетот

Собранието на денешната 111. седница ќе ја продолжи расправата по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година. 

На дневен ред на седницата се и Предлог-законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, по скратена постапка, како и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година.

Пред пратениците се и неколку предлог-одлуки за избор на член на Советот на јавните обвинители на РМ, за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти, како и за избор на член на Судскиот совет на РМ. Ќе се разгледуваат и неколку ратификации на спогодби на Владата на Република Македонија со владите на Виетнам, Италија и Србија.

Пратениците ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, на Законот за градежно земјиште, на Законот за административни службеници и на Законот за спортска академија, сите по скратена постапка.