Собранието расправа по интерпелацијата за Талат Џафери
Во Собранието попладнево продолжи расправата по интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За збор се пријавени вкупно 41 пратеник.
Пратеникот Дарко Каевски од СДСМ соопшти дека единствено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ штитат и бранат криминал заради тоа што, како што рече, дел се директно инволвирани во тоа, а дел имаат директна наредба од „белиот дворец“ и од Христијан Мицкоски.
– Секогаш кога ќе се спомене законско решение кое е поврзано со правосудниот систем, исто вака реагирате. Нервозни сте, правите провокации, рече Каевски. Додаде дека целта е да се оспори правдата и затоа што, како што рече, голем број случаи ви „тропаат на врата“, како „Талир 2“, се водат голем број процеси…
Според него, опозициската ВМРО-ДПМНЕ прави опструкции, блокади, кочници, првокации и се она што оневозможува добро и постојано да функционира законодавниот дом. Укажа дека кај ВМРО-ДПМНЕ има нервоза бидејќи меѓу другото немаат и поддршка од граѓаните.
Мартин Костовски од СДСМ рече дека демократскиот капацитет на оваа власт предводена од СДСМ и ДУИ се покажува на дело. Смета дека ВМРО-ДПМНЕ во немање аргументи пред македонската јавност, поради лошата организација или мислата дека нема да има интерпелација бараат паузи, стенограми и сл.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ се главни кочничари, прават сплетки, желни се за власт и кои ќе направат се за да го заштитат криминалот во своите редови. Смета дека тоа е пример за кочење, хистерија, опструкција и нервоза во редовите на опозицијата и работа по наредба од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ потенцира дека опозицијата прави опструкции и потсети на биографијата на Џафери, на неговата работа, искуството, политичките ангажмани…Тој смета дека Џафери успеал да остане цврсто на земја и ги почитувал законите покрај триковите и партиските пропаганди со кои се соочил.
Адеми нагласи дека Талат Џафери е најдобриот познавач и почитувач на Уставот, Деловникот на Собранието и на законите. Изрази задоволство од соработката со Џафери и од можноста да учат од него.
Пратениците се на редовна пауза до 16 часот. Согласно Деловникот за работа, до полноќ треба да заврши расправата и да се гласа по поднесената интерпелација.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок