Собранието по паузата ќе гласа за нов јавен обвинител
Поради немање кворум, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на денешното продолжение на 22. седница даде пауза од половина час, по која пратениците треба да гласаат за именување нов државен јавен обвинител. Во собраниската сала имаше 60 пратеници.
- Објавувам пауза од 30 минути за координаторите да ги соберат пратениците, рече Џафери.
Парламенатрната расправа по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде именуван на оваа функција заврши на 15-ти овој месец.
За именување на јавен обвинител, Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.
Досега оваа функција ја извршуваше Лилјана Спасевска, откако Марко Зврлевски беше разрешен на 17 август годинава.
Ново на Сител
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност