Собранието одржа седум пленарни седници
Во Собранието денеска се одржаа седум пленарни седници и тоа: 75-та, 54-та, 69-та, 73-та, 71-ва, 39-та и 47-ма. За шест од нив, пратениците гласаа по предлог-закони за кои беше завршена расправата.
На 75-тата, нова седница, тие расправаа по Предлог на одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија.
Според опозицијата, Парламентот незаконски постапува во поглед на продолжувањето на траењето на кризата.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова рече дека, ако кризата трае повеќе од 30 дена, тогаш Владата треба да прогласи вонредна состојба.
– Веќе седум години, спротивно на Уставот и владеењето на правото, Парламентот потврдува одлуки на Владата за шест месеци. И така ние си живееме во бесправна состојба, рече Силјановска Давкова.
Пратеникот од СДСМ Диме Велковски смета дека континуирано се воведува кризната состојба по барање на безбедносните структури заради можните проблеми кои можат да се случат.
– Не велам дека во моментов има некоја голема криза, туку можна криза. Тоа е прво одговорност кон сопствената држава, меѓутоа и кон НАТО-партнерите, вели Велковски.
Продолжението на 75-тата и другите седници, дополнително ќе биде закажано.
Утре нема пленарна седница во законодавниот дом, а задутре ќе има седница посветена на пратенички прашања. Седницата на која ќе се дискутира по Интерпелацијата на претседателот на Собранието Талат Џафери, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, е најавена за четврток.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот