Македонија
9. November 2018 - 16:10

Собранието не му го одзеде мандатот на Груевски

Груевски останува пратеник. Собранието не го обезбеди неопходното двотретинско мнозинство за одземање на неговиот пратенички мандат, поради две годишната затворска казна. Без претходна расправа,  предлогот го поддржаа 58 пратеници од владејачкото мнозинство, наспроти 29 пратеници од опозицијата кои беа против. Груевски не присуствуваше на денешната седница.

Преку собранискиот процес за одземањето на мандатот на Груевски, според ВМРО-ДПМНЕ власта само прави медиумски циркуз за да ги прикрие своите лоши политики.

Задржувањето на пратеничкиот мандат не е пречка екс премиерот да почне со издржување на две годишната затворска казна за набавката на блиндираниот мерцедес. Сепак Кривичниот совет ќе го има последниот збор дали и кога Груевски ќе треба да се јави во истражниот затвор во Шутка. Ваквата одлука Кривичниот совет треба да ја донесе најдоцна до понеделник, откако претходно судија за извршување санкции го одби барањето на адвокатскиот тим на Груевски за одложување на издржувањето на затворската казна.